Камерунскиот фудбалер Самуел Ето со два погодоци дебитираше за Анталијаспор во победата над Басаксехир 3-2 во турската Супер лига.

Ето беше креатор на победата откако погодоците во вториот дел ги постигна за водство од 2-1 односно 3-1.


Со блескавато деби Ето потсети на најдобрите голгетерски времиња кога беше страв и трепет за противничките голмани.

Ohridnews