Долгогодишниот капитен на Реал Мадрид, Икер Касилјас имаше деби за заборав во новиот клуб Порто. Шпанскиот репрезентативец два пати ја вадеше топката од мрежата на дуелот со Борусија Менхенглабах.


Чуварот на мрежата го напушти кралскиот клуб по неколкуте мачни сезони на Сантијаго Бернабеу. Чашата ја прели неподнесувањето на капитенот со навивачите што беше доволен знак за „Сан Икер“ среќата да си ја побара во друг клуб.

Ohridnews