Италијанскиот стручњак Маурицио Сари со триумф ја започна одисејата на клупата Челси. „Сините“ во Австралија со минимални (1-0) го совладаа тимот на Перт Глори.

Стрелец на победничкиот погодок за Челси беше Педро Родригез во петтата минута од натпреварот. Екипата од Лондон подготовките за новата сезона ги започна без фудбалерите чии национални селекции беа дел од завршницата на Мундијалот.

Следниот контролен тест избраниците на италијанскиот стратег ќе го имаат в сабота против Интер во францускиот град Ница.

OhridNews