Фудбалерите на Дебрца и Сатеска со победи на домашен терен ја финишираа есенската полусезона во Третата македонска фудбалска лига југо-запад. Дебрца нови три бодови запиша после триумфот над Караорман (2-1) додека Сатеска со 4-2 славеше против Октиси.

Дебрца до победа стигна со пресврт во вториот дел, откако после 45 минути игра имаше негаива 1-0. Водството на Караорман го анулираше Дејан Милошески а за комплетен пресврт погоди Ѓоко Филипоски. Сатеска во текот на мечот со Октиси два пати имаше негатива но успеа да се врати и на крајот да победи со 4-2.

Со победите во последната рунда од првата полусезона екипите на Дебрца и Сатеска продолжија со борбата за опстанок. Втората полусезона започнува во март следната година.

Резултати:

Дебрца – Караорман 2-1

Влазними – Фљамуртари 0-0

Стрела Спорт – Црно Буки

Македонија – Лирија 1-0

Сатеска – Октиси 4-2

Кравари – Преспа 4-3

Новаци – Велешта 2-1

Табела: Велешта 31, Црно Буки 25, Фљамуртари 22, Октиси 22, Преспа 20, Лирија 20, Влазними 20, Новаци 18, Кравари 17, Караорман 17, Сатеска 15, Дебрца 14, Македонија 12, Стрел а Спорт 5

OhridNews