Жителите на селото Сошани, општина Дебрца, покренаа онлајн петиција за подобрување на патната инфраструктура. Тие од новиот градоначалник бараат да го асфалтира патот од селото до манастирот Свети Никола.

Иницијаторите на петицијата велат дека со години слушаат ветувања дека локалниот пат ќе биде асфалтиран, но се надеваат дека најавите сега конечно ќе се реализираат.

OhridNews