Во понеделник на 21-ви март 2016 година со почеток во 10 часот дечињата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ под мотото „Да ја дочекаме пролетта“ ќе реализираат дефиле под пролетни маски и забава со музичко- ритмички точки на гратскиот плоштад.

Забавата ќе биде со хуманитарен карактер и во соработка со Црвен Крст од Охрид ќе се реализира акција за собирање на парични средства за помош во лекувањето на малиот Кирил Митрески.

OhridNews