Во дружење, игра, забава и спорт, децатa што ја следат програмата во едукативниот центар на Црвен крст Охрид, „Полетарче“, го одржаа последниот час од пролетниот циклус на Програмата за подготовка на деца за во училиште, во Оперативниот центар на Планинската спасителна служба (ПСС) на Црвен крст Охрид, каде љубопитството за работата на спасителите на планина им беше задоволено со видео презентации од спасителните акции презентација на опремата за спасување и елементарни техники за искачување на вештачката карпа.

Дечињата не го криеја своето задоволство и по добивањето на соодветните сертификати за завршената Програма за подготовка на деца за во училиште, од страна на своите тренери, изразувајќи ја својата мотивација и подготвеност за соочување со новите предизвици кои ги носат образовните едукативни програми во наредниот период; велат од Црвне крст Охрид.

Едукативната Програма за подготовка на деца за во училиште во Едукативнот центар на Црвен крст Охрид „ПОЛЕТАРЧЕ“ веќе четврта година се спроведува во Црвен крст Охрид, а ја следат деца од 3-5 годишна возраст кои имаат единствена можност, преку игра, забава и дружење да ја развиваат и јакнат самодовербата, да применуваат креативни вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, јазична и математичка писменост, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго.

Новиот, есенски циклус на оваа програма започнува од септември 2025 година.

OhridNews