На последниот тренинг за 2017 година младите членови во фудбалската школа „Ла Масија“ беа изненади од Дедо Мраз. Тој на сите фудбалерчиња им даде пакетчиња, а одигра и една партија фудбал на задоволство од сите во спортскиот центар „Климент Колески“.

Фудбалската школа „Ла Масија“ имаше повеќе од успешна година победувајќи во една од младинските категории во југо-западната лига и освoјувајќи златни, сребрени и бронзени одличја и бројни индивидуални награди на турнирите на кои учествуваше во текот на целата 2017 година.

OhridNews