Членовите на нуркачкиот клуб „Акватек“ на креативен и необичен начин на охриѓани им ги честитаа новогодишните празници. Тие го овековечија подводниот Дедо Мраз кој упати новогодишна честитка од водите Охридското Езеро.

Во необичната улога на подводен Дедо Мраз беше нуркачот Никола Паскали, а подводните фотографии ги направи Даниел Атанасовски.

OhridNews