По назначувањето на прв човек во стручниот штаб на Реал Мадрид, Рафа Бенитез ја скрои листата фудбалери кои ги посакува на Сантијаго Бернабеу.


Иако „кралевите“ се пред ангажман на Давид де Геа и веќе се во преговори со Манчестер Сити за Кун Агуеро, Бенитез на челниците им соопштил дека го посакува членот на Арсенал, Лорент Кошчиелни.


Шпанскиот стручњак бил импресиониран од играњето на францускиот репрезентативец, кој е предводник на одбраната од „топчиите“.

Кошчиелни на Емирати пристигна 2010 година за 9 милиони фунти од тимот на Лориент, а Реал Мадрид ќе плати од 20 до 25 милиони фунти за неговите услуги.

Трансферот на Кошчиелни во Реал Мадрид би значело збогум за Серхио Рамос, Рафа Варан или Пепе кои играат на иста позиција.

Ohridnews