Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Лукас Ернандес бил приведен во полициска станица бидејќи ја злоставувал својата девојка, пренесуваат шпанските медиуми.
Според истите извори, Ернандес, во алкохолизирана состојба се вратил дома, а потоа дошло до физичка пресметка помеѓу него и девојката која со полесни повреди завршила во болница.
Веднаш потоа, околу 2:30 часот, Ернандес бил приведен од шпанската полиција. Лукас Ернандес е член на младата француска репрезентација, роден е во Марсеј, но ја има минато фудбалската школа на Атлетико.
Овој настан веројатно ќе има влијание врз неговата кариера, а особено кај тренерот Чоло Симеоне, која мината сезона овој млад фудбалер го внесе во првиот тим.
Лукас Ернандес поради својата поливалентност (може да игра како централен дефанзивец и како лев бек) минатото лето беше на мета на неколку познати екипи.
„Макфакс“
OhridNews