Дефанзивецот Аиртон Зиба е фудбалерот кој треба да ја пополни празнината во последната одбранбена линија , по заминувањето на стандардниот Илче Перески од тимот. Стружанецот по потекло во Охрид 2004  доаѓа од второлигашот Дрита.


Срдечно добредоје од Ристески за Зиба

– Очекувам да му помогнам на тимот да ја оствари целта, влез во Првата лига. Одлично сум примен во клубот во кој со поголемиот дел од играчите се познавам претходно – рече Зиба кој се приклучи кон екипата во подготовките.


За лидерот во вторлигашката конкуренција Охрид `04, Зиба е шестото ново име во преодниот рок, охриѓани посакуваат да ангажираат уште еден напаѓач со што би ги заокружиле трансфер активностите во зимскиот преоден рок.

М.П.