Пукната цевка со профил ф 200мм на ул.” Наум Охридски”, во близина на бензинската пумпа на Макпетрол „Билјанини извори“, предизвика поплава на булеварот „Туристичка“. Коловозните ленти се под вода, а движењето со автомобили е отежнато.

Водата која тече низ булеварот Туристичка по слободен пат, се слива кон АСНОМ во правец на езерото.

Од јавното претпријатие Водовод информираат дека се работи за дефект на голема цевка на непристапен терен.

Поради тоа ќе има повеќечасовен прекин во водоснабдувањето во поголемиот дел од градот информира ЈП Водовод.

Екипите на Водовод со поддршка на механизација работат на санација на дефектот.

Дефект на водоводна цевка на непристапен терен ја поплави „Туристичка“

Г.М.