Поради настанат дефект на водоводната мрежа од синоќа од 19:00 часот има прекин во снабдувањето со вода на улиците: „Јане Сандански“, „Сирма Војвода“ како и делови од улиците „Питу Гули“, „Лазо Трпоски“, „Марко Цепенков“ и „Галичица“, информират од „Проаква“.
Од јавното претпријатие ги известуваат граѓаните дека прекинот ќе трае и денес до 16:00 часот.