Расте бројот на новозаболени од Ковид 19 и во Охрид. Бројката од 20 новорегистрирани во вчерашниот извештај е само еден показател дека е зголемен бројот и на тестирања, за што евиденто е и зголемениот број на граѓани пред пунктот за тестирање во Охрид. Но, што е со лицата кои се тестираат во домашни услови?


Ohridnews беше во мала обиколка низ охридските аптеки, да видиме дали има брзи тестови и каква е заинтересираноста за купување на истите. Тоа до што дојдовме како податок е дека тешко можете да најдете брз тест во аптеките, бидејќи ретко во која аптека го има. Дел од аптеките и не ги набавуваат велат доаѓаат во пакувања од добавувачите во поголем број што се скептични дека и ќе се продадат со оглед на тоа дека цената се движи околу 400 денари. Аптеките каде веќе имале набавено велат се продаваат. Едногласни се дека заинтересираност има од страна на граѓаните за тестови и секојдневно се бараат.

Инаку, според извештајот на Институтот за јавно здравје за период од 09.08-15.08.2021 активни случаи во Охрид се 155, а во таа една недела регистрирани се 115 нови случаи.

Н.С.Ј.