Промашувањата се дел од фудбалот, но она што го направија фудбалерите на Ривер Плата на мечот со Белграно во аргентинскиот шампионат се граничи со неверојатност. Четири фудбалери на Ривер Плата останаа сами против голманот на противничка половина и не успеаја да ја затресат мрежата што наиде на потсмев и кај верните подржувачи на клубот. Среќа за фудбалерите мечот заврши во корист на Ривер (2-1) и нивното промашување не беше кобно за клубот, а дефинитивно ќе биде промашување на годината !

OhridNews