На барање на љубителите на квалитетна и вкусна храна, во ресторанот „Канео“ во истоимената населба, утре вечер, петок, ќе се одржи втора дегустациона ноќ со познатиот Шеф Влатко Огненовски. 

-На ваше барање повторна можност за дегустација на храна, приготвена од најпознатиот македонски амбасадор на современата македонска кујна Шеф Влатко Огненовски, по промотивна цена. Дегустација на неколку јадења, комбинирани со соодветни македонски вина.- информираат од ресторанот „Канео“.

Целта на настанот е да се промовира богатството што го има Охрид на високо ниво и начин кој единствено го заслужува.

Претстојниот викенд во ресторан „Канео“ ќе биде викенд на современа македонска кујна. Со промотивно мени на Шеф Влатко Огненовски, во сабота и недела ќе се служат само јадењата од дегустационите ноќи.

Бројот на места за дегустациона ноќ и викендот на современа македонска кујна со Шеф Огненовски во ресторан „Канео“ е ограничен.

OhridNews

Шеф Огненовски: Доста е со сендвичи, иднината на Охрид е развој на елитен туризам со квалитетна понуда