На покана на Националниот демократски институт – НДИ, претседателот на општинската организација на ЛДП – Охрид и актуелен советник, Дејан Блажески, ќе земе учество на меѓународната конференција: “Политичките фондации во Европа: Мобилизирање на граѓаните и подигање на политичка култура”, која ќе се одржи во Љубљана, Словенија, помеѓу 9-ти-11 октомври.
Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) е непрофитна, непартиска организација, која работи за поддршка и за зацврстување на демократските институции низ целиот свет преку учество на граѓаните, отвореност и отчетност на Владата. НДИ работи со политичките партии, Собранието и со граѓанското општество во Република Македонија од 1993 година заради поттикнување одржлива, цврста и динамична мултикултурна демократија.
OhridNews