На предлог на претседателот на ЛДП Андреј Жерносвски, претседателот на охридскиот огранок на партијата и актуелен советник, Дејан Блажески, на седницата на Централниот одбор на партијатѕа, што се одржа синоќа во Скопје, беше едногалсно избран за портпарол на централниот штаб на Либерално Демократската Партија за претстојните претседателски и предвремени парламентарни избори.

Вчеравечер на проширениот Централен одбор на ЛДП  свое обраќање имаше и кандидатот за Претседател на Македонија од здружената опозиција професорот Стево Пендаровски.

Тој нагласи дека власта е подготвена да ги искористи сите капацитети на државните органи и техники за измама на гласањето. Пендаровски порача дека не се точни тврдењата дека претседателската функција кај нас нема политичка тежина, потсетувајќи како првиот претседател Глигоров ја извршуваше функцијата, но и како Трајковски имаше значење во решавањето на кризата во 2001 година.

Битката на овие избори ќе се води на неколку пунктови, пред се тоа е катастрофалната економска ситуација подгреана и со заминувањето на младите од земјата и недостигот на демократски капацитет на власта, рече Пендаровски.

Тој ги повика граѓаните со своето гласање да го „запрат возот кој јури во погрешна насока“, а власта нема намера да се откаже од начинот на владеење.

OhridNews