Поранешниот советник во Општина Охрид, Дејан Блажески се повлече од сите политички функции во Либерлно демократската функција.
– Изминатите седум години ја имав честа и обврската да бидам дел од ЛДП. Денес, заврши овој долгогодишен пат полн со предизвици, искачувања и падови. Продолжувам онаму каде што ќе можам да дадам најголем придонес и каде што мојот потенцијал ќе биде пресуден за следните професионални ангажмани. – стои во соопштението од Дејан Блажески.
Тој истакнува дека оставката ја поднесува од лични и професионални причин, кои нема да ги образложи.
OhridNews












