Наредните два дена Охрид ќе биде домаќин на креативен камп за музика, сцена, лично и тимско усовршување, кој ќе го водат актерот Дејан Лилиќ, познатата пејачка Андријана Јаневска и Давор Петровски.

Во креативниот камп предвидени се  повеќе активности, но меѓу најважните се: правилното дишење, артикулација, изговор, трема и како да се справите со трема, сцена и однос кон публика, соло пеење, пеење во група, темпо, ритам, динамика, однос кон микрофон и подигнување на личен и тимски дух. Сите теми се проследени со теорија и вежби, информираат организаторите.

OhridNews