Напаѓачот на Охрид 2004, Душко Дејкоски е блиску до промена на средината и трансфер во тетовскиот прволигаш Тетекс.


Дејкоски мина три сезони во Охрид, а лани одигра 14 натпревари. Во првиот дел беше еден од фудбалерите кои добиваа шанса од клупата додека во вториот беше еден од стандардните единаесетмина.

Покрај Дејкоски, во тимот на Тетекс сезонава ќе игра уште поранешен фудбалер на Охрид 2004 и тоа Филип Митрески кој ќе настапува како позајмен од Металург.

Тимот на Тетекс од 15 до 25 јули дел од подготовките ќе ги реализира во Охрид.

М.П.