Новиот прволигаш Охрид со голот на Дејкоски во самиот финиш на мечот минимално со 1-0 го совлада српскиот суперлигаш на пријателската тест средба одиграна на Срц “Атина Бојаџи“.


Текот на мечот навестуваше реми без голови откако Настоски , односно српските напаѓачи не реализираа “очи в очи“ ситуации.

Одлучувачиот момент во мечот се случи на истекот на регуларните 90 минути, кога по комбинацијата во казнетиот простор резервистот Дејкоски најдобро се снајде и ја застресе гостинската мрежа.

М.П.