По двата порази во низа од Напредок и Металург, охридските “бели“ им се вратија на победите на мечевите од предсезоната. Творец на минималниот триумф над Кораб со 1-0 Дејкоски.  


За младиот напаѓач е врзан еден интересен податок. Во второлигашката сезона за Охрид тој беше стрелец на првиот гол против Локомотива и последниот гол против Охрид Лоте.

Во есенскиот дел од сезоната Дејкоски забележа само три настапи, се очекува по смената на кормилото на “белиот“ брод и заминувањето на неколку стандардни првотимци младиот напаѓач да добие шанса да го покаже својот раскошен потенцијал.

Охрид наредната тест средба ќе ја има в среда против Тетекс.

фото: Архива
М.П.