Дејвид Бекам своето црно Порше 911 го продава на интернет аукција. Поршето кое фудбалерот го платил нешто повеќе од 70 илјади евра, во моменталната понуда чини околу 100 илјади евра. Бекам на седиштата го има бројот 23, кој го носи на својот дрес. Истиот број се наоѓа и на воланот. Автомобилот се наоѓа на аукција со посредство на една компанија за автомобили, чиј портпарол изјавил дека ова е ретка прилика за стекнување супер автомобил кој бил управуван од славна личност.


Предните седишта на автомобилот се со греење, светлата се затемнети, има можност за замена на шест компакт дискови и систен на сателитска навигација. Дејвид и сопругата Викторија се големи колекционери на автомобили, а во својата колекција имаат Ролс Ројс, Бело и црно Порше, Кадилак Ескалејд и џип.