Дејвид Бекам заедно со најмладиот син Круз ја примил наградата за најдобро облечен спортист, која овој пат му била доделена на детската манифестација “Cartoon Network Hall Of Game Awards”. Бекам наградата ја примил од фановите на телевизијата која емитува само цртани филмови “Cartoon Network”, а гласала само публика со старост до 17 години.
Популарниот фудбалер на доделувањето се појавил со најмладиот од трите сина, Круз, со кој се качил на бината и се заблагодарил за наградата. Инаку, Дејвид секогаш ги водел своите синови на разни настани, со што го потврдил она што неодамна го изјавил, а тоа е дека семејството секогаш му е на прво место.