Часови не делат од настапот на светски познатиот диџеј Дејвид Гета на стадионот на спортскиот центар „Атина Бојаџи“. На ден пред концертот Охрид го надлета авион кој носеше голем транспарент на кој се најавува големиот спектакл.

Подготовките за концертот на Дејвид Гета се во завршна фаза, информираат од „Авалон“ продукција. На стадионот е поставена големата бина на која пред три години тука настапи Лени Кравиц. Организаторот очекува дека концертот на Гета по број на посетители ќе го надмине тој на Кравиц, кој го проследија над 12.000 луѓе.

Концертот ќе биде своевиден аудиовизуелен скектакл. Настаппот на Гета ќе го пратат  познатите Kryoman Robots. Тимот што е собран специјално за летната турнеја на Дејвид Гета е опремен со ласери, лед-диоди и мултифункционални ефекти што ќе се користат во текот на шоуто.

Дејвид Гета во Охрид доаѓа со приватен авион од Сплит каде завчера одржа фантастичен концерт пред 25.000 гледачи. Во Охрид тој ќе изведе тричасовен сет, а како загревање за концертот што почнува во 22 часот ќе настапат домашните диџеи Александар и Бабура.

Ohridnews
фото: Васко Бујароски