Поразот од Букурешт беше само лош ден за “црвено-црните“, брзо се рехабилитираа “црвено-црните“ и го совладавме Будуќност за бронза во Будимпешта.
– Со овие ракометарки работам три месеци и денеска сум многу горд на нив и на одиграниот натпревар. Вчера имавме лош ден и го одигравме најлошиот натпревар откако сме заедно, но мислам дека работевме многу добро и напорно во овие три месеци и денеска го покажавме тоа, покажавме дека знаеме да играме ракомет. Кога играте еден меч 60 минути, сѐ може да се случи, ќе почнете лошо или ќе почнете добро, но што и да се случи, ако загубите мора да се разбудите. Ова е само еден викенд, нема време за плачење мора да се трудиш да победиш, тука сме за да победуваме, а не за да се дружиме, ние тоа и го направивме. Нашиот тим се крена од поразот побргу отколку Будуќност“, рече Давид.