Македонската тениска Дејвис куп репрезентација оствари убедлива 2-0  предност против селекцијата на Летонија во Скопје, во дуелот од првото коло во втората Евро – Африканска зона.

Лазар Магдинчев триумфираше против Ернест Гулбис со 3:2, по сетови 2:6, 6:4, 6:2, 1:6 и 6:2.

Во вториот меч  Предраг Русевски со чисти 3-0 (7:5, 6:3, 7:5) го збриша Анди Јуска.


ги дели уште една победа до конечен триумф

Натпреварите продолжуваат денес 15 часот  со дуелот во двојки.