Селекторот на шпанската репрезентација, Винсент дел Боске ја оправдува одлуката да се одложи мечот Белгија и Шпанија кој требаше да се одигра вечерва во Брисел.


Според селекторот на „црвената фурија“ човечките живот немаат цена и посочи дека ова е вистинска и правилна одлука.

– Тажни сме поради тоа што нема да одиграме еден добар и квалитетен натпревар со многу силен противник, но човечките живот немаат цена. Белгијската владата не ни гарантираше 100% безбедност, затоа сите заедно донесовме вистинска одлука што побргу да се вратиме во Мадрид. Човеките живот сега се најважни, а фудбалот е пред се игра и забава. – рече шпанскиот селектор.

Поради страв од нови напади одложен мечот Белгија – Шпанија во Брисел

Ohridnews