Винсенте дел Боске и покрај дебаклот на шпанската репрезентација на Мундијалот во Бразил ќе остане селектор на ’црвената фурија’. Селекторот кој со Шпанија ја освои европската и светската круна на кормилото на националниот тим ќе остане до завршувањето на европското првенство во 2016 година.
Шпанија на Мундијалот во Бразил настапот го заврши по првата фаза и поразите од Холандија (1-5) и Чиле (0-2), во последното коло Шпанците забележаа утешна победа над Австралија (3-0).
Инаку Шпанија со Дел Боске во квалификациите за противници меѓу другите ја има и македонската репрезентација, против која ќе игра на 8.септември