Шпанскиот селектор Винсенте дел Боске го објави прелиминарниот список на играчи кои конкурираат за место во репрезентацијата која на Европското првенство во Франција ќе ја брани титулата.
Дел Боске ја изненади јавноста со повикот на младиот играч на Реал Мадрид, Лукас Васкез и фудбалерот на Виљареал, Бруно Сориано, додека реши од спискот да ги изостави стандарните Хуан Мата и Пако Алкасер, а во Франција поради повреди нема да патуваат Диего Коста и Санти Казорла.
Иако се шпекулираше дека Де Боске ќе го врати во репрезентацијата Фернадо Торес тој не се реши на таков чекор, меѓутоа испрати повик до 35-годишниот напаѓач на Атлетик Билабо, Ариц Адурис.
Списокот на Дел Боске за ЕУРО 2016:
Голамни: Касиљас (Порто), Де Хеа (Ман.Јунајтед); Серхио Рико (Севилја)
Одбрана: Карвахал (Реал), Пике (Барселона), Серхио Рамос (Реал), Жорди Алба (Барселона), Аспиликуета (Челзи), Хуанфран (Атлетико Мадрид), Сан Хосе (Атлетик Билбао), Бартра (Барселона)
Среден ред: Бруно Сориано (Виљареал), Бускетс (Барселона), Коке (Атлетико Мадрид), Тијаго Алкантара (Баерн), Иниеста (Барселона), Иско (Реал), Давид Силва (манчестер Сити), Педро (Челзи), Саул Нигез (Атлетико Мадрид), Фабрегас (Челзи)
Напад: Адурис (Атлетик Билбао), Нолито (Селта), Мората (Јувентус), Лукас Васкез (Реал).
„Макфакс“
OhridNews