Oд денес поради реконструкција на дел од улица „Даме Груев“, целосно ќе биде затворен за моторен сообраќај делот од улицата, од пресекот со улица „Македонски Просветители“ до пресекот со улица „Булевар Туристичка“, , информираат од Општина Охрид.
Воедно се известуваат и сите жители на овој потег дека почнувајќи понеделник да не ја користат оваа улица за сообраќај и да не ги паркираат своите возила на овој дел од улицата, со цел непречено одвивање на активностите, посочуваат.
OhridNews