Дел од директорите на основните и средни училишта во Охрид поднеле оставка, а деновиве се очекува на ваков чекор да се одлучат и поголем број од првите луѓе на образовните институции во градот, дознава OhridNews.
 
Информациите за оставките доаѓаат само неколку дена по јавно искажаниот став на градоначалникот Никола Бакрачески и новата локална самоуправа дека состојбата  во образовните институции во општина Охрид е лоша, поставена на несоодветни основи, со голем број нерасчистени состојби и финансиски дубиози кои го опртеретуваат функционирањето на образовниот систем во општината.

Од страна на локалната самоуправа беше потенцирано дека во изминатиот период имало влијание на политиката при вработувањето на наставнички и технички персонал и дека вон законот биле ангажирани лица со несоодветни договори.

– Морален чин на секој одговорен човек во општеството, е при  лоши резултати, самиот да има доблест и да поднесе оставка на својата функција. Тоа е чин кој не треба да биде изнудуван, туку одговорно и етички секој треба да го применува кога резултатите се под очекувањата на граѓаните-изјави градоначалникот Бакрачески.

Според него, на образованитето во Охрид, како и на останатите институиции под надлежност на општината му требаат коренити промени, кон кои ќе цели новата локална самоуправа.

Т. К.