Тие сметаат дека табличките на автомобилите треба да бидат на кирилица, како официјално писмо на македонскиот јазик, а не на латиница како што наложува правилникот.
“Додека водиме битка по светските и европските институции да докажеме кои сме, да го одбраниме идентитетот се организираат манифестации протести и петиции, од и во институции и луѓе од туѓината, кои го подриваат Македонскиот идентитет и неговите атрибути со разни постапки, Македонската државна институција избегнува да стави во службена употреба, суштествен дел од Македонскиот државен идентитет, писмото кое е создадено на овие простори – Кирилското, македонското службено писмо “ се вели во иницијативата до Уставниот суд.
Новите таблички треба да почнат да се користат од средината на следниот месец.
извор: „Макфакс“