Старото градско јадро на Охрид претставува еден културолошки резервоар, каде под секој чекор лежат пластови културни остатоци од минатите векови. Дел од истражувањата се публикувани во најновото издание на „Археолошки информатор”. Во статијата станува збор за истражувања на локалитетот „Караѓулевци“- гробница од „македонски тип“.
Несомнено, старото градско јадро на Охрид претставува еден културолошки резервоар, каде под секој чекор лежат пластови културни остатоци од минатите векови. Во непосредна близина на локалитетот „Караѓулевци“ – гробница од „македонски тип“, до 70-те години на минатиот век на една парцела постоел приватен објект, а по неговото рушење, парцелата се претворила во простор за депонирање на шут, се наведува во публикацијата.
Во 2017 година, на овој простор биле направени заштитни археолошки истражувања, кои, иако изведени на сосема мал простор, донесуваат мошне интересни резултати, се посочува во публикацијата.
OhridNews














