Поради изведување на приклучок кон водоводната мрежа, корисници на дел од улицата „Јане Сандански“, претпладнево се без вода. Станува збор за потегот од Мини Маркет до клубот Арена.

Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека се очекува активностите да завршат најдоцна до 13 часот, по што ќе се нормализира снабдувањето со вода за пиење на овој дел од улицата.

OhridNews