Од ЕВН Македонија информираат дека утре, 28- ми декември делови од градот неколку часа ќе останат без снабдување со електрична енергија.

 Станува збор за дел од улицата Јане Сандански, од продавницата Гумно до кружниот тек во близина на Општата болница, во периодот од 12 до 14 часот и на Булевар Туристичка бр. 10, 12 и 14 од 10 до 12 часот.

Како што информираат од ЕВН, прекинот е заради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овој дел од градот. 

OhridNews