Во рамки на Еразмус плус проект, насловен „Обединети во различноста: УНЕСКО регионално наследство во рамки на европскиот идентитет“, во посета на Рим беа неколку ученици од охридската гимназија: Теодора Николовска, Мила Ложанкоска, Кристина Гулицоска, Емилија Наумоска, Михаела Протугер и Мартин Јанески, во придружба на псих. Алберта Гулицовска и проф. Александра Томоска, кои воедно беа гости на гимназијата „Аристотел“.

Охридските ученици имаа можност да бидат дел од бројни активностите како презентации проследени со дискусии, работилници, квиз, работа во мешани интернационални групи, а ги посетија и познатите локации, предводени од учениците домаќини во улога на водичи.

Учениците учесници во проектот во слободното време интензивно се дружеа на пикници и заеднички вечери во фамилиите каде беа сместени, а едно попладне го посветија на модерните знаменитости, а последниот ден од посетата охридските гимназијалци го поминаа со врсниците од Италија во парк во областа Вила Боргезе на ридот Пинчо.

  • Целта на проектот е ревалоризација на културното наследство на УНЕСКО, развивање на комуникациски вештини, естетски стандарди и критичкото мислење, социјална интеграција и учење на начините на интерпретација на културното наследство и неговото презентирање на други иновативни начини, поттикнување на иницијативи за одржлив туризам, а со тоа и идентитетот, велат од охридската гимназија.

Охридската гимназија се јавува како носител на проектот „Обединети во различноста: УНЕСКО регионално наследство во рамки на европскиот идентитет“.

OhridNews