Како што информираат од Центарот за управување со кризи, патните правци од Дебар кон Струга и Маврово се проодни за сообраќај за лесни моторни возила во отежнати зимски услови, додека забрана за тешки товарни возила има на патниот правец Струга – Дебар.

Во општина Струга и понатаму не се проодни локалните патни правци за селата Горна Белица, Модрич и Дренок, како и селата во Малесијата- Збажди, Локов, Буринец и Селци.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови по влажни и лизгави коловози, особено на повисоките места и планинските премини. На патниот правец с.Маврово – Никифорово – Леуново сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. На возачите им се препорачува исклучително внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Се советува особена  внимателност на патните правци Дебар-Струга, Маврово-Дебар, Катланово-Велес и Демир Капија –Удово поради честа појава на одрони.

OhridNews