Поради изградба на трафостаница наспроти ЈЗУ Здравствен Дом-Маларична, денеска на 23-ти ноември 2015 година улицата „Димитар Влахов“ од пресекот со улицата „Караорман“ до пресекот со улица „Серафин Китаноски“ ќе бидe затворена за сообраќај од 11 до 15 часот.
Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид информираат дека за време на изведувањето на градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
OhridNews