Дел од улиците во струшкото централно подрачје во иднина ќе добијат имиња по досегашните лауреати на Струшките вечери на поезијата.  Ова е иницијатива на новото раководство на овој поетски фестивал и истата има за цел да им оддаде почит на дел од најзначајните добитници на Златниот венец на поезијата.

– Веќе се изработени предлозите и од нас како институција е покрената иницијатива сите улици кои се паралелни на улицата ,,Пабло Неруда” да бидат именувани  по наши добитници на златни венци и други значајни поети. Ние предлозите ги изработивме и заедно со образложенијата ќе ги доставиме до Советот на општина Струга и градоначалникот, вели Мите Стефоски, директор на Струшките вечери на поезијата.

Тој нагаласи  дека оваа иницијатива има големо значење за Струга и заслужува целосна поддршка од локалната власт.

OhridNews