Според најавите од локалната самоуправа во Охрид ќе се врши гасификација која се реализира според реони.

–    Со гасификација ќе се започне најпрво од кај ОУ „Григор Прличев“ каде ќе биде поставена мобилна цистерна од која со гас ќе се снабдува ова училиште, гимназијата, општинската зграда, економското училиште, Основниот суд и останатите институции и станбени објекти во овој дел од градот, вели градоначалникот Александар Петрески.

Реализацијата на овој проект е во рамки на активностите за унапредување на енергетската ефикасност со цел поголема заштеда и рационално користење на електричната енергија.

Во таа насока заменета е и старата дограма во училиштата со нова, воведено е парно греење, а во тек е и постапката за избор на партнер за диодно осветлување на улицитекое ќе доведе и до 70% помала потрошувачка на електрична енергија.

Т. К.