Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ минува низ најтешки денови во својата кариера. Ѓоковиќ поради хронични повреди објави крај на сезоната, а тоа го чинеше излез од најдобрите четири тенисери после една деценија.
Охрабрувачки зборови од некогашниот рекет број еден упати Хуан Мартин дел Потро, кој имаше слични проблеми во текот на својата кариера.
– Враќањето на тениските терени после повреда можам да го опишам како повторно да учиш тенис да играш. Многу тенисери не успеваат да се вратат поради психолошкиот товар, но Ѓоковиќ има јак менталитет и сигурен сум дека ќе се врати меѓу најдобрите. Сега мојот добар пријател ќе има повеќе време да поминува со фамилијата и мислам дека од таму ќе црпи мотиви за нови победи и успеси. – изјави Дел Потро.
Ѓоковиќ ќе го пропушти грен слем турнирот УС Опен, а свое враќање најави на Австралија Опен следната година.
OhridNews