Aргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро изјавил дека шансите тој да заигра на првиот грен слем во сезоната, Австралија Опен, се минимални.


Дел Потро ќе одигра два егзибициски меча против Давид Ферер на 27 и 28 декември во Мар дел Плата.

„Потребен ми е некој кој ќе ме подоготви за да можам да ја издржам целата сезона. До Австралија Опен има уште две недели и тешко е дека физички ќе бидам подготвен. Секогаш ги гледам приоритетите, ако тенисот ме чекаше две години, тогаш Австралија може да ме почека уште една“, рекол Аргентинецот, пренесува „Макфакс“.

Дел Потро посочил дека веројатно нема да настапи ниту на мечот од првото коло во Дејвис купот против Италија на почетокот на февруари. Аргентина против Италија ќе ја започне одбраната на титулата во ова натпреварување.

OhridNews