Хуан Мартин дел Потро го продолжи својот сон на Олимпијадата во Рио, откако со 2-1 во сетови (5-7, 6-4, 7-6) го совлада Рафаел Надал во 1/2 финалето и обезбеди натпревар за златен медал.

Противник на аргентинскиот тенисер во финалето ќе биде бранителот на трофејот од Лондон, Енди Мареј кој во 1/2 финалето подобар беше од Кеи Нишикори во два сетови (6-1, 6-4).

Надал го доби првиот сет со 7-5, но Дел Потро не се предаде и го искористи рецептот со кој го елиминираше Новак Ѓоковиќ на стартот од турнирот. 


Прво изедначи на 1-1, а во тај брејкот од третиот сет, покажа поголем карактер и го доби со 7-4 за финале на Олимпијадата во Рио.

Надал во мечот за бронзениот медал ќе разигрува со Нишикори додека на 14 август во 17 часот во финалето ќе се сретнат Дел Потро и Мареј.

OhridNews