Делегација на општина Охрид, предводена од Емин Селман и Сашо Котели, присуствуваше на одбележувањето на Патрониот празник- Денот на детето на турската општината Сафранболу, град под заштита на УНЕСКО.
Во рамки на посетата беше остварена работна посета со градоначалничката на општината, Елиф Косе и со Кајмакамот кој е одговорен во делот на образование, туризам и култура на национално ниво. На средбата се разменуваа искуства во овие области, а се разгледуваа и можностите за реализирање на заеднички проекти.
OhridNews













