Делегација на Институтот „Конфуциј” при УКИМ беше во посета на охридската гимназија „Свети Климент Охридски“.
Целта на посетата беше запознавање со можноста за изучување на кинескиот јазик како и зајакнување на образовната, културната и научна соработка со овој Институт, информираат од училиштето.
Изминатиов период делегацијата од Институтот „Конфуциј” беше и во посета на ОУ “Кочо Рацин” – Охрид.
Како што информираа од училиштето било разговарано за организирање часови за изучување на кинескиот јазик и култура како вонучилишна активност.
OhridNews