Делегација на Институтот „Конфуциј” при УКИМ беше во посета на охридската гимназија „Свети Климент Охридски“.

Целта на посетата беше запознавање со можноста за изучување на кинескиот јазик како и зајакнување на образовната, културната и научна соработка со овој Институт, информираат од училиштето.

Изминатиов период делегацијата од Институтот „Конфуциј” беше и во посета на ОУ “Кочо Рацин” – Охрид.

Како што информираа од училиштето било разговарано за организирање часови за изучување на кинескиот јазик и култура како вонучилишна активност.

OhridNews