Секретарот на општина Охрид, Александар Китески, директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Најдески и раководителот на Одделението за Управување со отпад и регионални депонии, Вера Рауник, беа во работна посета на Кралството Шведска, во Стокхолм и Јевле, а во рамки на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“ .

Целта на посетата беше да се пренесат искуства при спроведување на одржливи практики за управување со отпад, вклучително и ефективно собирање, рециклирање и повторно користење на отпадот, преку воспоставените системи и практики кои се покажаа успешни во шведските општини и региони. Учесниците беа запознаени и со потребата од заедничко надминување на предизвиците поврзани со регионалната и меѓуопштинсака соработка во регионот за управување со отпадот, преку подигање на свеста на граѓаните за одржливо управување со отпад, ефикасна организација, планирање и структура на работата на локално ниво, подобрена комуникација и промени во однесувањето, што ќе придонесе за пониски инвестициони и тековни трошоци и секако заштита на животната средина, информираат од Општина Охрид.


OhridNews











